Џејдон Санчо останува во Дортмунд најмалку до крајот на сезоната

Англиската сензација Џејдон Санчо е еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер пазарот оваа зима, но од Борусија Дортмунд сепак доаѓа информацијата дека тој нема да биде продаден.

Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед би сакале да го вратат во Премиер – лигата, а во трката се и Јувентус, Интер како и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Санчо дојде во Борусија Дортмунд од академијата на Манчестер Сити и блесна во полн сјај, а во моментот неговата вредност изнесува околу 120 милиони фунти.

Борусија Дортмунд по 17 одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Бундес-лигата со 30 бода, седум помалку од лидерот Лајпциг.

Се вчитува...