Џејлен Браун дел од протестите во Атланта, САД во хаос (ВИДЕО)

Играчот на Бостон и потпретседател на Асоцијацијата на играчите во НБА лигата, Џејлен Браун објави дека возел 15 часа за да стигне во Атланта и да биде дел од мирните протести поради смртта на афро-американецот кој невооружен беше убиен од полицијата. Убиството на Џорџ Флојд покрена лавина во САД и во голем дел градови има масовни протести кои добија и насилен карактер.

Ова беше мирен протест. Тоа што сум позната личност и НБА играч не ме исклучува од случувањата. Пред се сум црнец и дел од оваа заедница. Ние ја подигаме свеста за неправдите кои ги гледаме. Ова не е во ред“ – вели Браун.

Во многу градови во САД е прогласена вонредна состојба и полициски час. Во државата се случуваат најдраматичните судири поттикнати од расни причини воопшто во историјата. „Не можам да дишам“ – ова е мотото на протестите.

 

 

 

 

 

Се вчитува...