Џејми Варди во јануари ќе го засили Челси?

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, е желбата на Маурицио Сари, за ново засилување во навалната линија во зимскиот преоден рок. Челси има потреба од нов голгетер, со оглед дека Алваро Мората и Оливие Жиру не се во најдобра форма, а Еден Азар уште еднаш напомена дека од следната сезона би сакал да го облече дресот на Реал Мадрид и ги оддолжува преговорите за обновување на договорот кој му истекува во 2020 година.

Варди потпиша продолжување на соработката со Лестер, но сигурно дека нема да ја отфрли можноста да се пресели на „Стемфорд бриџ“. Сепак, симптоматично е дека Челси подолг период форсира стратегија да не ангажира фудбалери повозрасни од 30 години. Токму поради тоа од клубот ќе си заминат и Цеск Фабрегас и Давид Луиз, кои одбија нови едногодишни договори. Варди исто така има 32 години и не би требало понуда за подолг престој на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...