Џејмс Харден го демолираше својот поранешен тим, втор едноподруго пораз на Лејкерс (ВИДЕО)

Одличната партија на Џејмс Харден се издвојува од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Бруклин гостување на Хјустон, славејќи со 114-132 во натпревар во кој извонреден учинок имаше токму довчерашниот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден.

„Брадата“ дојде до нов трипл-дабл од 29 поени, 14 асистенции и 10 скока. Кај Хјустон се издвоија Вол со 36 поени и Оладипо со 33 поени, но беа немоќни да го спасат својот тим од пораз.

ЛА Лејкерс доживеа втор едноподруго пораз. Без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Лејкерс загубија на гостувањето кај Сакраменто со 123-120.

Домашните до победата ги водеше Бади Хилд со 29 поени, додека кај Лејкерс се истакнаа Денис Шредер со 29 поени и Монтрелз Харел со 28 поени.

Во останатите натпревари Индијана славеше на гостувањето против Кливленд со 111-114, а Филаделфија по продолжение ја победи Јута со 131-123. Детроит извојува гостинска победа кај Торонто од 105-129, Минесота загуби на домашен терен од Шарлот со 102-135, а Чикаго го победи Њу Орлеанс на гости со 124-128. Далас победи со Оклахома со 87-78, Портланд беше подобар од Голден стејт со 108-106.

Се вчитува...