Џејмс Харден си заминува од Хјустон!?

Првата ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден би можел да го напушти клубот, пренесуваат американските медиуми. Филаделфија 76 е во процес на реновирање на тимот. Тие го раскинаа договорот со Брет Браун, а како негов наследник се споменува името на Мајк Дантони, човек кој изминатите сезони соработуваше со Харден во Рокетс.

Токму поради тоа американските медиуми го поврзуваат Харден со преминување во Филаделфија бидејќи очигледно е дека со овој тим на Хјустон никогаш нема да стигне до прстен. Договорот на Харден со клубот од Тексас истекува во 2022 година, што значи дека неговото заминување ќе го чини многу било кој клуб кој ќе сака да го земе во своите редови.

Харден во 2009 година беше избран како трет пик на драфтот од страна на Оклахома Сити Тандер, а во 2012 година се пресели во Хјустон во кој во 2018 година беше избран за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА.

Се вчитува...