Џејси Керол останува во Реал Мадрид

Одличниот шутер Џејси Керол останува верен на Реал Мадрид и следната сезона. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Американецот се договорил со клубот на продолжување на соработката на уште една сезона.

Со новиот договор Керол ќе заокружи десет години како е дел од „кралевите“. Тој во клубот стигна во 2011 година од Гран Канарија. Двапати ја освои Евролигата, а три пати беше шампион на Шпанија. Керол сезонава во Евролигата просечно забележуваше по осум поени по меч, додека во Шпанија тој просек беше на 10.7 поени.

Се вчитува...