Џејсон Кид нов тренер на Њујорк никс!?

Њујорк никс под полна пареа е во потрага по нов тренер. Клубот е веќе во интензивни разговори со голем број кандидати за една од најжешките клупи во НБА лигата.

По Мајк Браун на ред дојде и еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња како и поранешен тренер на Милвоки и Бруклин, Џејсон Кид.

Кид во моментов е еден од помошните тренери во ЛА Лејкерс, но доби дозвола од клубот да преговара со Никс. Според последните информации во американските медиуми, по завршените разговори Џејсон Кид е сега најсериозниот кандидат за нов тренер на Њујорк никс.

Се вчитува...