Џек Грилиш на мета на Наполи

Џек Грилиш оваа сезона не е ни блиску до нивото на кое беше, особено во годината кога дојде во Манчестер Сити од Астон Вила. „Граѓаните“ се спремни да послушаат понуди, а се јави и „дефибрилаторот“ на кариерите на премиерлигашите, Антонио Конте.

Италијанскиот стручњак е блиску до освојување на титулата со Наполи, а во тоа многу му помогнаа играчите кои настапуваа во Премиерлигата, но не оставија длабока трага.

Најпрво Скот Мектоминај кој постигна 11 гола на 31 натпревар, се чини дека секој од тие голови директно му донесе бодови на тимот од југот на Италија. Мектоминај беше критикуван и оспоруван во дресот на Манчестер Јунајтед, а од неговото доаѓање во Наполи е еден од најважните играчи.

Истото може да биде и во ситуацијата околу Џек Грилиш. Повремениот англиски репрезентативец одигра само 19 натпревари во Премиерлигата, најмногу пати влегувајќи од клупата и постигна само еден гол и додаде една асистенција.

Сити е подготвен да го пушти Грилиш за 35 милиони евра, сума која од италијанскиот тим се подготвени да ја платат.

Се вчитува...