Џек-пот: Милан доаѓа во Скопје, на мегдан со Шкендија

Италијанскиот гигант Милан ќе биде противникот на Шкендија во четвртата квалификациска рунда за Лигата на Европа. Дел од фудбалерите на македонскиот првак уште на стартот од овие квалификации изјавуваа дека сонуваат за пресметка со „росонерите“, желба што им се исполни со денешната ждрепка во Нион.

По одличните игри во досегашните квалификации Шкендија го повтори ланскиот успех со пласманот во последната фаза од квалификациите, но овојпат на патот пред групната фаза им стои италијанскиот гигант.

Добро познато е дека Милан веќе инвестираше над 200 милиони евра во нови фудбалери, а за очекување е непосредно пред почетокот на новата сезона во Серија А тренерот Монтела да допатува со својот најсилен тим во Скопје, на првиот меч што би требало да се игра на „Телеком арена“ на 17 август.

Се вчитува...