Џек-пот: Олимпиецот Дамјановски со четири другари „лапна“ 130.000 евра на НБА типување

Македонскиот скијач Дарко Дамјановски, кој е повеќекратен учесник на ЗОИ од нашата земја, заедно со уште четири лица оствари фантастична добивка од околу 130.000 евра, типувајќи на стрелци на натпревари од НБА-лигата. Заедно со Дарко тука е и неговиот брат Дејан, како и нивните другари Давор Ѓуровски, Александар Јаневски и Марио Тринчевски.  Едното ливче носи добивка од 5.000.000 денари, а другото 3.663.350 денари.

Добитната комбинација е дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.

„Јас лично го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината,а на 4 дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка. Пред да влеземе во обложувалницата, ме сретна и Марио кој одлучи нашето ливчето да го одигра сам. Па така сите погодивме“, раскажува Давор.

Тој ги пофали претставниците на обложувалниците „Моцарт“ за беспрекорната исплата.

„Немаше никаков проблем околу исплатата. Луѓето од Моцарт беа фер и коректни и ни ги исплатија парите во најбрз можен рок“, додаде Давор Ѓуровски.

Секоја чест, нема што…

Се вчитува...