Џек Вилшер потпиша за Вест хем

Досегашниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшер, потпиша тригодишен договор со англискиот премиерлигаш Вест хем. Откако му истече договорот со „топчиите“, тој реши да му се приклучи на клубот од Источен Лондон, иако имаше сериозна понуда и од Фенербахче.

„Многумина не знаат, но јас имам некоја специјална релација со Вест Хем уште од детството. Во минатото одев на „Аптон парк“ и навивав за Вест хем. Дел од моето семејство, како и некои мои пријатели се фанови на овој клуб и сега се многу возбудени“, изјави Вилшер.

Се вчитува...