Џеко: Апсолутно незаслужен пораз, Реал со ништо не беше поразличен од нас

Интер загуби од Реал Мадрид со 0-1 на „Џузепе Меаца“ со гол во 89. минута на Родриго во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на „нераѕурите“, Един Џеко вели дека поразот е апсолутно незаслужен и дека нема никаква разлика меѓу двата тима.

Но, натпреварот веројатно ќе имаше и поинаков тек ако Џеко искористеше барем еден од трите удари кон противничкиот гол.

„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу повеќе, многу повеќе. Одигравме одлично, но тешко е кога не ќе постигнеш гол. Реал со ништо не не надигра. Напротив, беше и во инфериорна позиција, но кога нема гол секогаш следи казна“ – вели Един Џеко.

Се вчитува...