Џеко е „херојот“ на Интер, Ајакс останува „максимален“ (ВИДЕО)

Един Џеко е херојот на Интер во победата над Шахтјор Доњецк од 2-0. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина со два гола во 61. и 67. минута донесе победа за „нероаѕурите“ која најверојатно ќе значи и пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Доколку Реал Мадрид вечер ја оправда фаворитската улога против Шериф Тираспол, тие и италијанскиот шампион ќе бидат промовирани меѓу шеснаесетте најдобри тимови на стариот континент.

Ајакс останува максимален во групната фаза откако славеше на гостувањето кај Бешикташ со 1-2. Домаќините поведоа со голот на Гезал од пенал во 22. минута. Сепак, во второто полувреме следеше ново „шоу“ на Хелер кој со два гола во 54. и 69. минута донесе нов триумф за тимот од Амстердам.

 

Се вчитува...