Џеко е херојот кој одби милиони од Реал и Челси, па ја реши Барса: Не е се во парите!

Цел тим на Рома одигра перфектно синоќа, но Един Џеко е херојот на „римската волчица“ во овој четвртфинален двомеч. Не станува збор само за почесниот гол во Барселона, како и оној првиот на реваншот, туку за карактерот на босанскиот голгетер и вербата што ја има во овој тим. Само за потсетување, Џеко во јануари беше многу близу до трансфер во Челси или во Реал Мадрид, Рома беше подготвена да ја прифати понудата, но тој самиот одби да си замине, изразувајќи желба да остане уште долго на „Олимпико“.

„Не ми беше лесно зимата, но останав. Секако дека сум среќен што е така, знаев дека сме способни за големи работи. Од колку пари се откажав? Не говорам за тоа, парите не се важни во вакви моменти. Победивме со 3-0 еден извонреден тим, никогаш не сум ја видел Барса да одигра толку слабо. Ако играме вака можеме да се носиме со секого, кој и да ни се падне во полуфиналето“ – изјави Џеко.

Се вчитува...