Џеко го пропушта дербито со Интер?

Рома вечерва му гостува на Интер во дербито на „Калчо-лигата“, но „римската волчица“ ќе биде сериозно ослабена со неиграњето на Един Џеко. Најдобриот стрелец на Рома не тренираше во текот на минатата седмица поради грип, тренерот Фонсека инсистираше тој да допатува со тимот во Милано, но шансите босанскиот голгетер да се појави на теренот на „Џузепе Меаца“ се сведени на минимум.

Весникот „Кориере дело спорт“ повикувајќи се на извори во стручниот штаб на Рома најавува дека Џеко нема да може да одигра повеќе од дваесетина минути од овој дерби-натпревар, а големи се шансите тој воопшто да не влезе во игра, бидејќи воопшто не се појавил со остатокот на тимот ниту на последниот тренинг пред мечот со Интер.

Тренерот Фонсека има две опции во случај Џеко да не игра, да го искористи Николо Заниоло како „лажна деветка“, или пак шанса да му даде на Никола Калиниќ.

За Рома на вечерашниот натпревар дефинитивно нема да настапат Клајверт, Фазио, Пасторе, Кристане и Запакоста.

Се вчитува...