Џеко и Заниоло го урнаа Милан

Рома го совлада Милан на „Олимпико“ со 2-1 и се искачи на петтата позиција на табелата во Серија А со 16 освоени бода. За „росонерите“ е ова четврти пораз во последните шест меча. Повторно не беа доволно убедливи за да останат непоразени.

Един Џеко во 38.минута ја доведе „волчицата“ во водство, а Милан израмни преку Тео Хернандез во 55.минута. Сепак, само три минути подоцна Николо Заниоло постигна втор погодок за Рома, а „росонерите“ немаа сили за повторно да возвратат.

Се вчитува...