Џеко ја напушта Рома, следен предизвик Интер?

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко ќе ја напушти Рома и ќе потпише договор со Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Веќе некое време се шпекулира дека за неговите услуги е заинтересиран гигантот од Милано, а по информациите кои доаѓаат од Апенините, Џеко се согласил да го облече дресот на „нероаѕурите“.

Трансферот наскоро треба да е официјализиран, а во план е Џеко да потпише двогодишен договор, со нешто помала плата од таа што ја заработува во Рома. Според проценките од медиумите во Италија, Џеко во Интер ќе премине за 15 милиони евра.

Босанецот во Рома пристигна во 2016 година од таборот на Манчестер Сити, а во 97 настапи за тимот од главниот град на Италија постигна 53 гола.

Се вчитува...