Џеко ја спаси „волчицата“ од пораз

Сампдорија и Рома ремизираа 1-1 во заостанатиот меч од Серија А кој се одигра вечерва. Квалјарела го доведе домашниот тим во водство од 1-0 од пенал во последните моменти од првиот дел.

Рома долго се обидуваше да стогне до израмнување, а тоа му успеа на Един Џеко во судиското продолжение од натпреварот. Со овој освоен бод, Рома се доближи на само два бода негатива до четвртопласираниот Интер, во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...