Џеко: Мхитаријан ќе биде супер-засилување за Рома

Един Џеко не го крие воодушевувањето што Рома во финишот од преодниот рок го доведе Хенрик Мхитаријан, врвно засилување за „волчицата“ од таборот на Арсенал.

„Играв на почетокот од септември со него против Ерменија. Ни даде гол и му кажав дека очекувам да продолжи во ист стил и на клупски план. Мило ми е што почна одлично, Мхитаријан е извонреден фудбалер и не се сомневам дека ќе биде супер-засилување за Рома. Тој е играч што сака офанзивен фудбал и ќе ни биде од голема помош“ – изјави босанскиот голгетер.

Ерменецот имаше извонредно деби на „Олимпико“, откако постигна гол на дуелот со Сасуоло во победата од 4-2 на „римската волчица“.

Се вчитува...