Џеко на лето се сели на „Сан сиро“?

Напаѓачот на Рома, Един Џеко, и покрај тоа што остана верен на „волчицата“ одбивајќи да се пресели во редовите на Челси во зимскиот преоден рок, веќе на лето ќе добие понуда која може да го премисли да ја смени средината. Но, интересот не доаѓа од Островот, туку од клуб од Серија А, односно тимот кој го предводи Џенаро Гатузо, Милан.

„Росонерите“ играат се подобро под „палката“ на Гатузо, па ако продолжат да редат позитивни резултати и обезбедат што подобра позиција на табелата при крајот на шампионатот, раководството ќе го „награди“ популарниот Рино со уште еден голгетер во следниот преоден рок. На Гатузо му е потребен искусен напаѓач кој ќе ’гарантира’ најмалку 15 до 20 погодоци во една сезона. Оние кои му се на располагање, Андре Силва, Никола Калиниќ, играчите за кои клубот потроши голем дел од буџетот минатото лето не ги оправдаа очекувањата, додека Патрик Кутроне покажува добри партии, но се уште е млад за да биде прва напаѓачка опција на „росонерите“. Сите тројца сезонава комбинираат вкупно девет погодоци во Серија А ( Кутроне 5, Калиниќ 4, Силва без гол), па јасно е зошто е потребна нова „деветка“.

Од Босанецот се очекуваше да пристигне на „Стемфорд бриџ“ во „пакет“ со Емерсон во зимскиот преоден рок, но екс-фудбалерот на Сити не сакаше да го напушти клубот на половина од сезоната, ниту пак неговиот агент беше задоволен од понудата на англискиот првак. Во досегашниот дел од сезоната, Џеко брои 14 голови на 32 мечеви во сите натпреварувања во дресот на Рома.

Се вчитува...