Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ги открива тајните на неговата фудбалска долговечност што му помогнала да го одведе Шалке до промоција во Бундеслигата на 40-годишна возраст.
Сега напаѓачот е подготвен за уште еден последен танц на Светското првенство во 2026 година.
„Не мислев дека ќе играм на 40 години“, признава Един Џеко. Но, не само што игра, туку се подготвува да ја предводи Босна и Херцеговина на Светското првенство во 2026 година како капитен.
Пред десет години тој не би поверувал дека ова е можно.
„Но, го слушам своето тело и многу работам пред и по тренингот, бидејќи очигледно веќе не сум најмлад и треба да се грижам за нозете и за моето тело. Токму тоа го правам“, вели тој.
„Кога си млад, можеби не размислуваш толку многу за тоа да дојдеш на тренинг рано и да поминеш 30 до 45 минути во теретана за превентивна работа, а потоа да останеш уште 30-45 минути или еден час за дополнителни вежби.“
Џеко ќе биде третиот најстар играч на Мундијалот после Кристијано Роналди и Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
