Џеко останува на „Олимпико“, во Лондон се сели само Палмиери

На два дена до крајот на зимскиот трансфер период, напаѓачот на Рома Един Џеко одлучи да остане верен на италијанскиот гигант и одби преселба во редовите на Челси, додека „сините“ допрва треба да го комплетираат трансферот левиот бек, Емерсон Палмиери.

Римскиот таблоид „Ил Месаџеро“ тврди дека босанскиот голгетер останува на „Олимпико“ и покрај притисокот на Челси за ангажман во последен момент, додека за условите за Палмиери се договорени, 24 милиони евра плус пет милиони евра бонуси ќе изнесува трансферот. Раководството на Рома наводно тврди дека причината за неуспешниот трансфер на Џеко е неговиот агент кој имал нелогични барања до клубот од Лондон, поточно сакал да изнуди поголема плата за Босанецот од понудата на Челси.

Џеко ги стартуваше последните два натпревари за „римската волчица“ во Серија А и покрај тврдењата дека ќе се врати во Анлија, при тоа беше стрелец во ремито од 1-1 против Сампдорија.

Во случајот со бразилскиот бек со италијански пасош, Челси оди на голем ризик и со цена и со изборот на играч, знаејќи дека сезонава Палмиери одигра само 15 минути во италијанското првенство бидејќи долго се опоравуваше од повреда на скинати лигаменти во коленото.

Се вчитува...