Џеко се премисли, потпиша нов договор со Рома

Навивачите на Рома имаат причина за славје откако Един Џеко во последен момент се премисли, па наместо да си замине од „Олимпико“ ја прифати понудата за нов договор со својот клуб. Актуелниот договор на Џеко истекуваше во јуни 2020 и се очекуваше тој да си замине летово, но бавните преговори со Интер придонесоа босанскиот голгетер да го промени ставот за иднината.

„Увидов колку луѓето овде сакаат да останам, колку ќе им значи да играм уште неколку години за Рома. Летото беше долго, но верувам дека ова е вистинската одлука за мојата кариера“ – изјави Џеко по потписот на новиот договор.

Според новиот договор, Џеко ќе остане на „Олимпико“ до 2022 година и ќе заработува по 4,5 милиони евра по сезона.

Един Џеко пристигна во Рома од редовите на Манчестер Сити во 2015 година. Оттогаш тој одигра 179 натпревари за „римската волчица“, постигнувајќи 87 погодоци.

Се вчитува...