Џеко си оди од Рома, но останува во Италија

Един Џеко донесе одлука за својата иднина, што фановите на Рома можат да ја оценат како „предавство“ кон „волчицата“. Босанскиот ас беше блиску до преселба во Вест хем, но во последен момент се премисли и реши да остане во Италија, договарајќи ги условите за трансфер во Интер.

„Нероаѕурите“ летово сигурно ќе го продадат Мауро Икарди, а во Џеко гледаат економична замена за Аргентинецот, со оглед на фактот дека трансферот на босанскиот голгетер би ги чинел меѓу 15 и 20 милиони евра. Самиот фудбалер би потпишал договор на две сезони за плата од 4,5 милиони евра годишно, услови што веќе се договорени со раководството на Интер.

Еџин Џеко сезонава постигна само 13 гола на 34 средби за Рома, севкупно во сите натпреварувања, што е многу послаб ефект во споредба со претходните сезони во кои искусниот голгетер го носеше дресот на „римската волчица“.

Се вчитува...