Џеко за Мурињо: Подобар тренер не можеше да дојде во Рома

Един Џеко одигра одлична партија на вчерашното дерби со Лацио. Тој не постигна гол во победата на Рома од 2-0, но беше асистент при првиот погодок и изнуди црвен картон од еден противнички играч.

Одличниот напаѓач на Рома беше заменет во последните минути од натпреварот, и заработи овации од мал број луѓе кои се собраа на стадионот. Тој даде кратка анализа за сезоната на „волчицата“, но и за нивниот нов тренер, контроверзниот Жозе Мурињо.

“Сите знаеме дека ова не беше една од најдобрите сезони. Но, дербито е секогаш дерби, изгубивме во првиот дел од сезоната, па сакавме да дадеме сè за добро да ја завршиме годината. Мурињо е најдоброто нешто што можеше да и се случи на Рома, тој веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка средина и подобар тренер не можеше да дојде”, заклучи Џеко.

Со победата над Лацио, Рома се доближи до пласман во Лигата на Европа, додека Лацио има сигурно место во ова натпреварување, но дефинитивно остана без Лигата на шампионите.

Се вчитува...