Џексон Дубински повторно ќе го разигрува Еуро Никел

Лошиот почеток на сезоната проследен со многу повреди, како и заминувањето на „непогоденото“ засилување на бековската позиција, Џонатан Дејвис го натера Еуро Никел на промени во ростерот, па со таа цел во „Јасмин“ е вратен Џексон Дубински.

Американскиот плејмејкер кој ги засили „сино-белите“ за вториот дел од претходната сезона се покажа како одлична аквизиција. На 18 натпревари бележеше просек од 12.5 поени, 6.7 асистенции и 3.3 скока, и воедно беше еден од клучните играчи на тимот кој стигна до финалето од разигрувањето.

Во новата сезона се пресели во литванското првенство каде во дресот на Јонава одигра седум натпревари на кои забележа просек од 3.0 поени, 1.4 асистенции и еден скок.

Покрај Дубински, Еуро Никел во следниот период ќе доведе уште еден играч на високите позиции со што се очекува вицешампионот да се врати во игра за висок пласман.

Се вчитува...