Џемаили со порака до Михајловиќ – Малку е да кажам дека ни недостасувавте

Фудабалерот на Болоља, Блерим Џемаили во името на фудбалерите изјави дека малку и недоволно е да кажат дека им недостигал Синиша Михајловиќ изминатиот период.

„Малку е да кажеме дека ни недостасувавте. Сакавме да ви направиме вакво изненадување иако знам дека сте задоволни од нашата игра. Само сакаме да ви кажеме дека сме среќни што ве имаме тука“, изјави Џемаили. 

Болоња викендов ја очекува тешко гостување кај Наполи, натпревар на кој се очекува на клупата на тимот да биде Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...