Џенаро Гатузо би можел да го преземе Лацио по неуспешниот мандат како селектор на Италија.
Како што објави Алфредо Педула, поранешниот играч од средниот ред на Милан е во потесниот круг на кандидати за наследник на Маурицио Сари.
Пред тоа, Гатузо имаше понуди од турскиот Амедспор, кои дури и не ги разгледа, како и од Торино, каде финансиската пречка се покажа како непремостлива.
Покрај Гатузо, на списокот на Лацио се наоѓаат и Рафаеле Паладино, кој сигурно ќе ја напушти Аталанта, и Фабио Писакане, кој избори опстанок со Каљари.
Иако, каков хаос доживеа Сари оваа сезона, вистинското прашање е кој би сакал да оди на Олимпико. Му ги продадоа најдобрите играчи, а потоа доведоа нови без негово одобрение…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
