Џенаро Гатузо, нов тренер на Пандев?

Раководството на Џенова воопшто не е задоволно од работата на тренерот Аурелио Андреацоли, а главен кандидат за нов предводник на тимот на Горан Пандев е Џенаро Гатузо. Џенова вчера загуби со убедливи 4-0 од Лацио, уште една потврда за кризата на оваа екипа по што претседателот Пречиози реши да разгледува други тренерски опции.

Најголема желба му е Гатузо, кој веднаш по поразот бил контактиран за да се увиди дали воопшто е заинтересиран за камбек во фудбалот неколку месеци по заминувањето од Милан. Пречиози ќе почека неколку дена за одговор од поранешниот италијански репрезентативец, а доколку Гатузо го одбие, првиот човек на Џенова како „план Б“ го има Стефано Пиоли, поранешен стратег на Интер и на Фиорентина.

Доколку Гатузо го прифати предизвикот во Џенова, своето деби ќе го има токму против поранешниот клуб Милан, дуел закажан за наредниот викенд.

Џенова моментно се наоѓа на 18. место на табелата со само пет освоени бода, едно реми и три порази во последните четири кола од „Серија А“.

Се вчитува...