Џенгис Реџепи ќе работи како асистент во стручниот штаб на Сиваспор

Македонскиот фудбалски стратег Џенгис Реџепи, кој е асистент во стручниот штаб на Игор Ангеловски во А-репрезентацијата, во претстојната сезона ќе работи во турскиот прволигаш Сиваспор. Тој доби примамлива понуда и потпиша едногодишен договор за да биде еден од асистентите на тренерот Тамер Туна.

„Ова за мене е голем успех, бидејќи ќе имам можност да работам во најквалитетната лига на Турција. Сакам и да му се заблагодарам на тренерот Тамер Туна за укажаната доверба, тој дефинитивно е главниот „виновник“ за мојот потпис со тимот на Сиваспор. Секако, немаше да добијам ваква шанса, доколку не бев и дел од стручниот штаб во македонската фудбалска репрезентација. И понатаму со радост ќе останам дел од стручниот штаб на нациналниот тим“, вели Реџепи.

Се вчитува...