Џенова без Пандев на гости кај Јувентус

Македонскиот интернационалец Горан Пандев нема да биде во составот на Џенова на вечерашниот натпревар (20.45 часот) од Купот на Италија против првакот Јувентус. Тренерот Давиде Балардини одлучи да им даде одмор на 11 фудбалери кои ќе ги сочува за искушенијата во Серија А.

Пандев остана во базата во Џенова, заедно со уште десетмина фудбалери, од кои поголемиот дел се стандардни првотимци. Во тимот на Џенова нема да бидат голманот Перин, потоа Споли, Изо, Зукановиќ, Роси, Велосо, Бертолачи, Ригони, Милјоре, Тарабт и Лападула. Единствен од првотимците кој отпатува со составот е Лаксалт, а шанса ќе добие и Галабинов.

 

Се вчитува...