Италијанскиот прволигаш Џенова има дури 14 позитивни случаи на Covid-19 во тимот, од кои 10 се фудбалери, а преостанатите се членови на стручниот штаб. Клубот вечерва и официјално ги соопшти имињата на сите кои во моментот имаат симптоми на коронавирус.
Првите двајца позитивни беа голманот Матија Перин и Ласе Шоне, а на списокот се и Франческо Касата, Лукас Лерагер, Федерико Маркети, Филипо Мелегони, Лука Пелегрини, Марко Пјаца, Иван Радовановиќ и Давиде Запакоста. За среќа, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев не е меѓу „позитивните“ и тој чека уште еден негативен тест за да може да го напушти клупскиот карантин. Ова значи дека ќе може да се приклучи на националниот тим за важниот полуфинален плејоф меч од Лигата на нации против Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА