Џенова го отпушти Андреацоли, Пандев добива нов тренер

Џенова денеска и официјално ја обелодени разделбата од тренерот Аурелио Андреацоли, кој доби отказ по катастрофалниот старт на сезоната. Иако во првото коло забележа победа, Џенова потоа влезе во огромна резултатска криза од која Андреацоли не најде излез. Тој доби последна шанса за време на репрезентативната пауза, но по неделниот убедлив пораз во Парма разделбата беше неизбежна.

Претседателот Енрико Пречиози денеска и официјално му врачи отказ на Андреацоли, а главен фаворит за негов наследник е Тијаго Мота. Дел од медиумите најавија дека поранешниот соиграч на Горан Пандев од Интер ќе го предводи попладневниот тренинг на Џенова, со што ќе биде официјализирано неговото враќање во клубот каде настапуваше и една сезона како играч.

Џенова моментно е претпоследна на табелата со пет освоени бода, еден повеќе од „фенерџијата“ Сампдорија. Во следното коло тимот на Горан Пандев ќе ја пречека Бреша.

Се вчитува...