Џенова: Голот на Пандев беше од офсајд, но заслуживме победа во градското дерби (ВИДЕО)

Џенова одигра без голови против Сампдорија во градската пресметка од 31. коло во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев одигра еден час за Џенова, притоа во 19. минута постигнувајќи и погодок, по проигрувањето од Лападула, кој оправдано беше поништен поради офсајд позиција…

Од таборот на Џенова по мечот потврдуваат дека голот на Пандев бил од офсајд позиција, но потенцираат дека и тоа како заслужиле триумф против градските ривали…

„Да, голот на Пандев, откако видовме на видео снимките, може да кажеме дека е од офсајд позиција. Но, мислам дека одигравме поквалитетен меч од противникот во кој ги заслуживме трите бода. Сепак серијата од три натпревари без пораз ни носи нови мотиви за продолжување во ист ритам до крајот на првенството“ – истакна тренерот на Џенова, Давиде Балардини по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...