Џенова и Пандев поразени од Сасуоло…, ги чека тешка битка за опстанок (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и неговата Џенова загубија од Сасуоло со 1-2 во 35. коло од Серија А, по што се втурнаа во тешка битка за опстанок во најсилната италијанска лига до крајот на сезоната.

Сасуоло победата ја најави со голот на Распадори уште во 14. минута од средбата.

Во 66. минута Берарди погоди за 0-2, а Џенова со голот на Запакоста во 85. минута го ублажи поразот на 1-2.

Пандев се најде во стартната постава на Џенова настапувајќи до 68. минута кога беше заменет од Ровеља.

 

Се вчитува...