Џенова одигра за Интер – Наполи киксираше, борбата за титула крајно неизвесна (ВИДЕО)

Наполи и Интер се на само еден бод разлика во борбата за титула на две кола до крајот во Серија А, откако „наполитанците“ киксираа во 36. коло ремизирајќи (2-2) пред своите навивачи со Џенова.

На преполниот „Диего Марадона“, Наполи имаше предност се до 84. минута, но дозволи Васкез со погодок да донесе израмнување и бод за Џенова.

Претходно, Наполи двапати водеше најпрво со голот на Лукаку во 15. минута, а потоа и на Распадори во 64. минута. Асистент за двата погодока беше Скот Мектоминеј кој одигра уште еден извонреден натпревар.

Во следното коло Интер го пречекува Лацио, а Наполи гостува на Парма.

Се вчитува...