Џенова освои бод против Специја, Пандев играше последните 20 минути

Џенова вечерва одигра 1:1 против Специја во 10. коло во италијанската Серија „А“. Тимот на Горан Пандев успеа да израмни со гол од пенал, и така да извади бод. Горан Пандев влезе во игра во вториот дел, и ги одигра последните 20 минути. Со неговото искуство придонесе Џенова да освои бод.

Специја го отвори мечот со среќен автогол на Сиригу, откако топката му удри во грбот и заврши во мрежата. Специја имаше уште две стонастотни шанси, а потоа пенал досуден за Џенова и гол на Кришито за еден бод.

Во вториот меч, Венеција на домашен терен е поразена од Салернитана 1:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...