Џенова победи во „фото-финиш“, Пандев не влезе во игра

Горан Пандев доби заслужен одмор по серијата натпревари на клупски и репрезентативен план, па од клупата за резерви ја следеше победата на Џенова над екипата на Калјари со 2-1. Домаќините се намачија да стигнат до цел плен, поведоа преку Лападула на стартот од второто полувреме, но Калјари израмни со пеналот на Барела во 62. минута. Сепак, соиграчите на Пандев донесоа радост меѓу домашните навивачи во „фото-финишот“, постигнувајќи го голот за победа преку Медеирос во 90. минута.

Фиорентина ја забележа и петтата победа во низа, овојпат на гостувањето во Удине против Удинезе со 0-2. Мечот што беше одложен поради трагичната смрт на Давиде Астори мина во знакот на гостите, кои ги освоија бодовите благодарение на головите на Верту и на Симеоне.

Аталанта неочекувано загуби на домашен терен од Сампдорија со 1-2, по голот на Запата во 84. минута.

Се вчитува...