Џенова поразена од Калјари, петнаесет минути за Пандев (ВИДЕО)

Џенова го доживеа вториот пораз сезонава во 4. коло од Серија А. Тимот на Горан Пандев загуби со 3-1 на гостувањето кај Калјари.

Домаќините поведоа со голот на Џовани Симеоне во 46. минута. Куате во 83. минута израмни на 1-1, а само минута подоцна Запата со автогол донесе ново водство за домаќините. Конечните 3-1 ги постави Жоао Педро во 88. минута.



Капитенот на македонската репрезентација во игра влезе во 74. минута од средбата. Џенова по 4 одиграни натпревари е на 12. место во италијанскиот шампионат со 4 освоени бода.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...