Џенова во последните минути се спаси од пораз, Пандев остана на клупата

Џенова во последните минути се спаси од пораз на гостувањето против Емполи во 12. коло од Серија А. Тимот на Горан Пандев стигна до 2-2 благодарение на голот на Бјанки во 89. минута.

Претходно, со гол од пенал на Кришито џеновјаните дојдоа до водство уште во 13. минута.

Но, Емполи успеа да стигне до пресврт-водство од 2-1 со погодоците на Ди Франческо во 62. минута и Зурковски во 72. минута. Сепак, на крајот домаќините не успеаја да дојдат до посакуваната победа.

Горан Пандев не доби можност за настап на натпреварот останувајќи само на клупата за резервни фудбалери на Џенова.

Се вчитува...