Џенова загуби од Аталанта со гол во 95. минута, десет минути за Пандев

Џенова го доживеа првиот пораз сезонава во 3. коло од Серија А. Тимот на Горан Пандев загуби со 1-2 од Аталанта пред своите навивачи.

Домашните најпрво се спасуваа од пораз во последната минута од средбата со голот од пенал на Кришито, откако претходно Аталанта дојде до предност со погодокот на Муриел во 64. минута, исто така од пенал.

И кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, Аталанта со голот на Запата во 95. минута дојде до трите бода.

Капитенот на македонската репрезентација во игра влезе во 82. минута од средбата.

Се вчитува...