Џентлменски одговор на Крос за „провокацијата“ на Маунт (ФОТО)

Челси беше убедливо подобар противник во полуфиналниот двомеч во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. „Сините“ на Томас Тухел по ремито на натпреварот во Мадрид (1-1), стигнаа до победа од 2-0 на домашен терен со што беше доволно за трето финале во најсилното фудбалско натпреварување.

Еден од клучните играчите на натпреварот беше Мејсон Маунт кој со голот во 85. минута од натпревар и дефинитивно го реши патникот во финалето. По натпреварот Англичанецот го „пецна“ Тони Крос за неговата изјава дека во 15 годишната кариера ниеден играч му го нема „украдено сонот“.

„Видов дека еден нивни играч говорше дека никогаш го нема „изгубени сонот“ поради некој играч. Можеби сега нема да спие поради целиот наш тим“, изјави Маунт.

За разлика од некои „брзоплети“ играчи, искусниот Германец кој во својата кариера четирипати го креваше трофејот во ЛШ, имаше џентлменски одговор кон својот помлад колега.

 „Се уште добро спијам. Секап, честити за натпреварот. Ти посакувам среќа во првото финале во Лигата на Шампионите“, напиша Крос на својот Твитер профил.

Се вчитува...