Џерард: Никогаш не би направил потег како Трент

Легендарниот фудбалер на Ливерпул Стивен Џерард, ја коментираше одлуката на Трент Алексадар-Арнолд да се пресели во Реал Мадрид, и после долго време да го напушти „Енфилд“.

Џерард мина голем дел од кариерата, само една сезона играше во ЛА Галакси во САД, а потоа почна тренерска кариера. Во моментов е без ангажман, а се поврзува со враќање во Глазгов Ренџерс.

„Не би го направил тоа што го направи Трент. Мислам дека презеде голем ризик. Тој е неверојатен фудбалер, многу талентиран, и еден од најдобрите додавачи кои сум ги видел. Тој е во иста категорија како Бекам, Сколс, без сомневање. Но, ризикуваше со тоа што го напушти Ливерпул во својот најдобар период кога имаше на маса нов договор. Се надевам дека се ќе биде во ред, затоа што го сакам ова момче“, вели екс англискиот репрезентативец.

Се вчитува...