Џером Боатенг го менува Минхен со Дортмунд?

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг, најверојатно ќе ја напушти „Алијанц арена“ во летниот преоден рок, а негова следна дестинација би можел да биде лутиот ривал Борусија Дортмунд. Светскиот првак со Германија од 2014 година го загуби местото на стандарден првотимец кај Нико Ковач и токму затоа размислува за заминување. Тој беше желба на ПСЖ и во претходниот зимски преоден рок, но одлучи да остане во Минхен и да освои уште една титула. Сеак, ова лето речиси сигурно ќе си замине.

Борусија Дортмунд покажува желба за негов ангажман, но Боатенг ќе мора да прифати одредено намалување на годишната плата. Тој во баварскиот клуб заработуваше 12 милиони евра по сезона. За Боатенг постои интерес и од Италија, а во трката се Јувентус и Интер.

 

 

Се вчитува...