Џиџи прозиваше меѓу „гипсарите“: Старт со три нови имиња

И фудбалерите на Ренова ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи ќе располага главно со составот од минатата сезона иако уште од сега веќе се најавуваат сериозни засилување како освежување на тимот.

На првиот работен ден меѓу „гипсарите“ беа и трите нови имиња, Бојан Миовски, Бурхан Мустафов и Ермедин Адем, а во очекување е разврската околу ангажманот на Жоел Бопесу од Работнички. Тимот го напуштија Бразилецот Фернандо Силва како и Миран Максути, Фатим Имери, Александар Ристевски и Фатон Јусуфи.

Ренова првата фаза од подготовките ќе ја одработи во Тетово, а потоа од 25. јануари се заминува за Охрид каде ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...