Џикиќ на пресот по титулата во АБА: „Ајде, сите марш надвор!“

Будуќност запиша историја со освојувањето на првата своја титула во АБА лигата откако во финалната серија славеше со 3-1 против Црвена Звезда. Па, сосема очекувано тренерот на црногорскиот тим, Александар Џикиќ како и обично беше максимално енергичен по мечот.

Поранешниот македонски селектор не ги криеше емоциите…

„Честитам на сите. Сите мечеви беа многу блиску. Звезда е одличен тим, но ние запишавме историја. Од претходно кажав дека ние сакаме титула, затоа мора да им честитам на играчите, на стручниот штаб, на луѓето кои го водат клубот… Ова е тимска победа, ова го сакавме целата сезона“ – зборуваше Џикиќ се до моментот кога на прес-конференцијата настана вистинска „лудница“ со влетувањето со песна на играчите во салата за медиуми.

„Ајде марш надвор, сите!“ – низ насмевка им се обрати Џикиќ на своите кошаркари.

За да потоа следи прашање дали на некој начин се чувствувал нервозен околу најавите на Црвена Звезда дека нема да го игра синоќешниот натпревар…

„Чекај да ти кажам, јас имам 47 години… Кога е голем влог, се поместуваат границите на тие некои средства. Но,.. Тое а нормално. Добро, се обидуваш се да освоиш. Црвена Звезда сака постојано да освојува, играше добро цела сезона, но на врвот има место само за еден. И, нема лутење“ – истакна Џикиќ.

Се вчитува...