Џикиќ во свој стил по големата победа над Ц.Звезда: Се радуваме како којзнае што да сме направиле, а…

Поранешниот македонски селектор а сега тренер на Будуќност, Александар Џикиќ изненади многумина по синоќешната победа на неговиот тим против Црвена Звезда со која Црногорците се само на победа од трофејот во АБА лигата.

Но, Џикиќ по мечот изрази незадоволство од играта и односот на неговиот тим…

„Како може да бидам задоволен? Не сум задоволен… Се радуваме како да сме направиле којзнае што, а всушност треба да бидеме загрижени затоа што покажавме пропусти со кои не може да се стигне до титулата. Ние, всушност не извојувавме победа туку Црвена Звезда сама си ја промаши победата до која лесно можеше да стигне. Фелдин погоди се во текот на мечот, освен тој последен шут. Ние треба да бидеме среќни што Лесор не го погоди тој зицер на крајот за триумф на Црвена Звезда. Ништо не испочитувавме во играта од тоа што се договаравме пред мечот. Со ваква игра воздржан сум околу тоа дали ќе можеме да стигнеме до титулата“ – вели Џикиќ.

Се вчитува...