Џим Гудвин не штеди зборови за Миовски: Фантастично е да се гледа, но ова не е ништо, најдоброто од него сега следува…

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на најдобар можен начин ја почна сезоната во дресот на шкотски Абердин, со три гола на три досега одиграни меча за тимот.

Миовски партиципираше со два погодоци во вчерашната победа од 4-1 против Сент Мирен во Премиершип, поради што веќе јасно станува и за навивачите на клубот дека добија повеќе од квалитетно засилување во името на македонскиот напаѓач.

Сепак, менаџерот на Абердин, Џим Гудвин, кој не штеди пофални зборови за Миовски, вели дека најдоброто од Македонецот допрва следи.

„Секако сите на секој натпревар ги гледаме сите негови одлични карактеристики како напаѓач. Одлично се позиционира во нападот, има брзина и рефлекс на врвен стрелец и навистина ми е мило за Бојан и неговиот старт во нашиот клуб. Фантастично е да се гледа на терен. Јасно е дека се работи за одличен фудбалер а има само 23 години“ – вели Гудвин, и дополнува:

„Но, треба да знаеме дека Миовски во моментов е само на 75% физичка подготвеност, од онаа која ја посакуваме. Свежината во играта допрва треба да дојде и за неколку недели верувам дека ќе го имаме оној најдобриот Миовски кој и го посакуваме“.

Се вчитува...