Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Џими Батлер е дел од конзорциумот заинтересиран да купи дел од сопственичката структура на Кристал Палас.
Здружението од кое е дел и Батлер, планира да преземе малцински дел од сопственоста на победникот на ФА купот. Станува збор за дел од 43 отсто кои, моментално се во сопственост на групацијата „Eagle Football Holdings“ со која управува американскиот бизнисмен Џон Текстор. Доколку понудата биде прифатена, се шпекулира дека нејзината вредност би била околу 400 милиони евра.
Споменатата организација веќе раководи со Ботафого, Брисел Даринг и Лион, а проблем им прави токму францускиот клуб за да може да учествуваат во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА