Џинобили не запира, ќе игра уште една сезона во НБА

Ману Џинобили уште еднаш покажува дека е спортски феномен откако аргентинскиот ас и на 39-годишна возраст реши да ја продолжи својата кариера во НБА-лигата.

Иако на крајот од сезоната се најавуваше дека Џинобили сигурно заминува во пензија, големиот ас во меѓувреме ги промени плановите, па седна на маса со челниците на Сан Антонио за продолжување на соработката. Како што јавуваат американските медиуми, двете страни се многу близу до договор, па Ману уште една сезона ќе го носи дресот на „мамузите“, тим за кој настапува уште од 2002 година.

Минатата сезона тој имаше просек од 7,5 поени, 2,7 асистенции и 2,3 скокови по натпревар, а тренерот Попович е свесен дека искуството на Џинобили ќе ми биде добредојдено и во следната сезона од НБА-лигата.

Се вчитува...